Категории

Компири со кајмак: Неверојатен вкус и мирис! (РЕЦЕПТ)

Сите сакаме компири, па уште ако додадете кајмак, вкусот ќе биде фантастичен.

Состојки:

  • 6 компири
  • 300 г пилешко бело месо
  • 200 г кајмак
  • шолја варен грашок
  • исечкан варен морков
  • 100 г сланина
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Подготовка:

Измијте ги компирите и сварете ги со кора. Пилешкото испечете го, па исечкајте го на парчиња. Во чинија помешајте го варениот зеленчук и пилешкото, потоа посолите и побиберите.

Варениот компир пресечете го на четири дела и внатре ставете по една лажичка од смесата од месото и зеленчукот, па одозгора рамномерно распоредете го кајмакот. Преку кајмакот ставете пропржена сланина.

Попрскајте маслиново масло и печете околу десет минути на 200 степени. Служете топло со сезонска салата.

Прегледи:
507
Објавено на:
05.11.2021