Категории

Комплимент – Чудо кое на жените им значи многу

Неочекуваниот, искрен и спонтан комплимент предизвикува добро чувство затоа што го поттикнува мозокот на отпуштање на хормонот среќа.

Делува врз нашето тело како шолја еспресо, кратко и пријатно. А вкусот на тоа еспресо го чувствуваме уште доста долго. Барем така велат стручњаците.

Комплиментите прават чуда особено во романтичните врски. Невроните во мозокот на личноста која изговорила комплимент регистрираат добро расположение на личноста која го примила комплиментот. Поради тоа тие се чувствуваат добро.

Комплиментите не смеат да бидат неискрени
Луѓето кои сакаат да упатуваат комплименти на другите луѓе, повеќе внимание обрнуваат на нивните позитивни особини. Тие негативните ги потиснуваат. Меѓутоа, неискрениот комплимент е како бумеранг и може да му се врати на личноста која го испратила. Очите, гласот и позата откриваат ако лажете. Жените доста добро чувствуваат кога нешто е искрено или има некоја друга позадина.

Давајќи комплимент, учите многу за луѓето. Ги сфаќате нивните чувства, желби. Можеби така повторно ќе откриете некои позитивни особини кои сте престанале да ги забележувате кај нив.

Во врските, комплиментите ќе го зацврстат вашиот однос. Комплиментот не мора секогаш да биде директен, можете да го упатите и на малку поинаков начин. Жените тоа секако ќе го сфатат. На секоја жена ќе и биде драго да чуе еден од овие комплименти:

„Знаеш да ги слушаш другите луѓе“
„Одлично ја заврши таа работа“
„Ти ме инспирираш“

Прегледи:
675
Објавено на:
13.03.2020