Категории

Комплименти кои мажите не ги сакаат

Можеби мислите дека звучи како комплимент додека му кажувате да вашиот партнер дека изгледа добро додека врши некоја тешка работа во домот , но постојат некои зборови кои во вашите уши звучат како комплименти но во неговите како навреда. Еве што да избегнувате да му кажувате на вашиот партнер

„Прекрасно од тебе што сакаш да ми помогнеш во чистењето на домот, но јас го можам тоа побрзо“
Доколку вашиот партнер сака да ви помогне во чистењето на домот, и покрај тоа што не знае како тоа треба правилно да се направи, оставете го. Ќе го смета за навреда доколку му кажете дека вие сте подобри, тој тоа веќе го знае.

„Јас не ги диплам алиштата така, но фала ти што се обиде“
Мажите тоа ќе го протумачат како „не те бива за ништо“, и покрај тоа што сакате да звучи љубезно.

„Изненадена сум што успеа да ја поправиш чешмата“
Во неговите уши тоа ќе звучи како навреда што вие сте изненадени од неговите способности без да побара стручна помош. Тоа навистина ќе ја сруши неговата самодоверба.

„Ти си единствениот со кого можам да зборувал“
Некои мажи го обожаваат тоа додека некои навистина се вознемируваат кога ќе има кажете дека тие се единствените на на кои можете да им се доверите. Тие ќе чувствуваат постојан притисок дека мораат да ви бидат поддршка постојано и ќе се плашат дека можат да ја изневерат вашата доверба.

„Подарокот не е баш по мој вкус, но важно е вниманието“
Да му кажете дека е внимателен е комплимент, но да му кажете дека поклонот не е по ваш вкус тоа е еднакво на навреда. Замислете колку време поминал да најде нешто соодветно на вас, можеби со денови размислувал додека да одлучи, навистина би било непристојно од вас да му го кажете тоа на тој начин.

„Многу си сладок“
Некои мажи едноставно не сакаат кога партнерките им велат дека изгледаат слатко или се слатки. Тие не сакаат да бидат во иста категорија со бебињата и миленичињата. Мажите сакаат кога жените им даваат комплимени за нивната храброст, цврстина и машкост.

„Го обожавам твојот пивски стомак“
Доколку претходниот ден сте зборувале на долго и на широко за стомачните на вашиот омилен глумец а на вашиот партнер му велите дека ви се допаѓа неговиот стомак, тој ќе сфати дека му испраќате нејасна порака. Не правете да се чувствува несигурно во своја кожа и кажете му го тоа јасно отколку да му ја билдате лажната самодоверба.

Прегледи:
525
Објавено на:
03.09.2019