Категории

Кон промоцијата на стихозбирката „Кожена душа“ на Емануела Ковачевска Китановска

Со својата многустрана културна и уметничка дејност, младата поетеса се положува во текот на новиот бран на македонската култура и литература со што активно учествува во устројуваето на новото време на македонската уметност.

Со својот уникатен сензибилитет, Китановска успева едновремено рефлексивно да посегне  по суштините изртувајќи ги низ својот исклучителен микросвет кон јавноста, принесувајќи ги инканирани во уметнички дела и поставки од областа на литературата, глумата и музиката.

„Кожена душа“ претставува наслов на чувствената инкарнација исходена од овој тек, а воедно своевидна дефиниција на нејзинот порив, родена во едно двегодишно безвремие.

Во периодот на постанување на поетското новороденче во зрел плод подготвен да ги пружи своите мириси на светот и да ги разбурди новите ветрови со својот збор, оваа збирка доживува исклучителен успех и на професионален план. Овенчана е со наградата „Антев часовник“ во 2019 година, а во неа се содржани и песни украсени со наградата „Литературни искри“.

Пречекувајќи ја збирката на прагот на своето конечно објавување на големиот свет како ковчеже од сандалово дрво отстојано во исконски мириси, на 18ти декември (сабота)  во Котур ќе се одржи нејзината прва промоција со почеток од 15.00 часот.