Кончита Вурст односно Томас Нојвирт, го шокираше светот кога се појави во Австрија на изборот за песна за Евровизија.
На изгледот тогаш никој не остана рамнодушен, но сега Кончита одлучи драстично да го промени истиот и повторно да шокира.
Премиерно, новиот изглед Вурст го прикажа на хуманитарен бал во Виена, кој покренува фондови за ХИВ проекти.
Кончита на 16 април призна дека е ХИВ позитивна, а причина за признанието беше поранешниот партнер кој се закануваше дека оваа тајна ќе ја изнесе во јавноста.