Се што внесуваме во нашето тело, поминува низ црниот дроб. Ако сте склони кон лоши прехрамбени навики, тогаш здравјето на црниот дроб може лесно да се оштети, а со тоа и состојбата на организмот. За да го спречите тоа, дознајте на кои начини може да го прочистите црниот дроб.
Лук – поттикнува создавање на ензими кои му помагаат на телото полесно да ги исфрли токсините.
Цитруси – богати со витамин Ц, цитрусите се силен антиоксиданс кој помага црниот дроб побргу да ги апсорбира штетните работи.
Зелен чај – состојката катехин со која е богат овој чај е силен антиоксиданс кој го чисти организмот.
Зелен листест зеленчук – спанаќ, блитва и салатата се богати со хлорофил па затоа се моќни при неутрализацијата и исфрлањето на токсините од крвниот систем.
Ананас – преполн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсини.
Мента – нејзините лисја се богати со флаваноиди кои делуваат како силен антиоксиданс.
Ѓумбир – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помага при исфрлање на маснотиите од телото.
Ореви – содржат големи количини омега-3 масни киселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.
Зелка – како боркулата и карфиолот, и зелката делува на ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат неговата работа.