Категории

КОНЦЕРТОТ НА БАЈАГА & ИНСТРУКТОРИ ОДЛОЖЕН ЗА 23 ДЕКЕМВРИ, ОВАА НЕДЕЛА НЕКА БИДЕ НЕДЕЛА НА ТИШИНАТА.

Драги пријатели,

Како што знаете, со концертот на Бајага & Инструктори во Јане Сандански на 9 декември требаше да започне месецот на прослава на ,,30 години Авалон Продукција”.

За жал, во моментов сите ние oд Авалон, а сигурни сме дека и сите вие кои имате купено влезници за концертот на Бајага & Инструктори чувствуваме едно исто: дека не сме способни за било какво славење на животот и музиката оваа недела, после тажните информации кои синоќа излегоа на виделина, а утрово се потврдија.

Се одлучивме да го презакажеме концертот за нов датум не од аспект на некаква социјална одговорност, впрочем, концертот требаше да се одржи за 6 дена од сега и се разбира дека до тогаш животот нормално ќе продолжи.

Уште помалку се одлучивме на овој чекор од некакви рационални причини, бидејќи влезниците се секако пред распродавање.

На овој чекор се одлучивме од чисто човечки причини и на тоа не’ натераа: почитта спрема двајцата насилно починати, сочувството према нивните семејства и најблиски, но пред се’, тагата која во моментов ја чувствуваме, a e така видлива кај сите нас кои живееме во оваа држава.

Веруваме дека сите се разбираме околу претходно напишаното.

А, дека нема сомнеж дека тоа е така, зборува фактот што сево ова први го сфатија и прифатија Бајага и неговите колеги од бендот.

На сите оние на кои како термин не им одговара 23 декември, влезниците ќе им бидат во целост рефундирани.

Во текот на утрешниот ден ќе објавиме повеќе информации околу рефундацијата.

За сите останати, досега купените влезници ќе важат за новиот датум, а кога ќе бидат пуштени во продажба преостанатите влезници за 23 декември ќе бидете наскоро информирани.

Ваша,

Авалон Продукција

 

Прегледи:
214
Објавено на:
04.12.2023