Категории

Коренот на врската е искреноста: 2 работи кои не смеете да ги премолчите

Тајната на успешната врска лежи во искреноста, па макар и на моменти таа да е непријатна.

Мажите сакаат кога жените со нив ги споделуваат нивните таинствени мисли, а особено сакаат кога можат и да ви помогнат. Затоа не воздржувајте се, бидејќи молчењето нема да ви оди во прилог.

Побарајте помош кога ви е потребна

Во ред е да мислите дека можете да направите се` сами, ама не е во ред да го изоставувате вашиот партнер од сe`. Вашата врска ќе добие на цврстина кога ќе сфатите дека некои проблеми можете да ги решите заедно. Тоа што барате помош од вашето момче или маж, не значи дека во неговите очи ќе изгледате како слабак, туку баш спротивно.

Кажете му како се чувствувате

Промените во расположението се сосема нормална работа, без разлика дали ги предизвикала нервоза, проблеми или лошото време. Она што никако не смеете да дозволите да ви се случи е да се однесувате чудно пред вашиот сакан, без притоа да му објасните за што станува збор. Доколку му објасните, не само што ќе ви биде полесно, туку и ќе се чуствувате поубаво, бидејќи тој ќе ве разбере и ќе се обиде да ви помогне.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
297
Ознаки:
· ·
Објавено на:
09.03.2017