Категории

Коренот од лотус содржи многубројни здравствени придобивки, погрижете се да биде дел од вашето мени!

Коренот од лотус нуди широк спектар на здравствени придобивки поради неговиот богат нутритивен состав, вклучувајќи ја и неговата способност за подобрување на варењето, намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок, стимулирање на имунолошкиот систем, спречување на разни форми на рак, балансирање на расположението и ублажување на депресијата. Исто така ја зголемува циркулацијата на крвта и одржува соодветна ензимска активност во телото.

Често коренот од лотос се користи како зеленчук во азиската кујна, а се додава и во супи и јадења. Се користи и во природна или прашкаста форма во традиционалната билна медицина. За среќа, овој корен со благородно дејство можете да го најдете и кај нас, во докажаниот кинески ресторан „Ѕвезден океан“, каде што се вборјува во еден од многуте специјалитети, одлично искомбиниран со телешко месо во сос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Star Ocean Chinese Restaurant (@staroceanrestaurant) on


Многуте здравствени придобивки на коренот на лотус се должат на неговата уникатна комбинација на витамини и минерали, вклучувајќи калиум, фосфор, бакар, железо и манган, како и тиамин, Пантотенска киселина, цинк, витамин Б6, витамин Ц.

Кога зборуваме за содржината на витамините во коренот на лотосот, витаминот Ц е, секако, најистакнат. 100 грама корен содржат 73% од дневните потреби на овој моќен антиоксидант. Витаминот Ц е важна компонента на колагенот кој ја одржува силата на нашите крвни садови, органи и кожа и исто така е голем стимуланс на имунолошкиот систем. 

Витаминот А е уште еден суштински витамин пронајден во корените на лотусот, за кој се покажа дека ја подобрува кожата, косата и видот. Има одлична антиоксидантна способност и може да ја спречи дегенерацијата на очите, да им помогне на раните да заздрават побрзо и исто така чисти и кожни состојби и воспаленија.

Коренот од лотус претставува голем бонус за вашето здравје, кој нуди многу здравствени придобивки, а освен тоа е вкусен, па затоа погрижете се да биде дел од вашето мени во кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“.