Категории

Корисен совет: Вечерва спијте на лева страна затоа што тоа може да ви го промени животот

Левата страна на телото е доминантна лимфна страна, па секоја болка во левата страна е предизвикана од хронична блокада на лимфите, а доколку пак проблеми чувствувате во десната страна на телото, тогаш причина за тоа е нерамнотежата во црниот дроб, што се наоѓа на десната страна.

Дали некогаш сте се запрашале зошто болките ви се јавуваат само на едната страна од телото? Покрај тоа забележано е дека многу луѓе имаат и полош вид на едното око. Доктор Џон Џулијард тврди дека ајурведата, кој се практикува како форма на алтернативна медицина, го има одговорот.

Имено, според тоа, левата страна на телото е сосема поразлична од десната, а ајурведските правила налагаат да спиете на левата страна доколку сакате да имате подобар и поздрав организам. За што всушност станува збор? Според оваа древна филозофија, левата страна на телото е доминантна лимфна страна. Поради тоа ајурведата верува дека секоја болка во левата страна е предизвикана од хронична блокада на лимфите, а доколку пак проблеми чувствувате во десната страна на телото, тогаш причина за тоа е нерамнотежата во црниот дроб, што се наоѓа на десната страна.

Зошто треба да спиете на левата страна?

Најпрво, поради лесно отстранување на отпадоците. Поточно, како што е објаснето во ајурведата, тенкото црево отпадоците ги испушта преку илеоцекалната валвула сместена на десната страна, на почетокот на дебелото црево. Тоа поминува низ десната страна на стомакот, каде го испушта отпадот во цревото на левата страна. Затоа, спиењето на левата страна со гравитацијата му помага на телото полесно да се ослободи од отпадокот. Друга причина е срцето. Имено, со спиењето на левата страна, лимфните садови кои пумпаат кон срцето исто така имаат помош од гравитацијата, при што овој орган многу помалку се оптоварува.

Одморот после оброкот е задолжителен

Според ајурведата, одморот после оброкот е задолжителен и тоа, се разбира, на левата страна. Додека луѓето сметаат дека после оброкот треба да спијат околу еден час, во ајурведата тоа значи дремка од десет минути, што е доволно за да се свари јадењето. Желудникот и панкреасот, кои произведуваат ензими за варење, се сместени на левата страна. Па, според тоа, тогаш тие се во нормална положба и подобро си ја вршат работата. Така храната го следи природниот тек и продолжува низ желудникот, а доколку би лежеле на десната страна, покрај сета работа, тие би морале да се спротивставуваат и на гравитацијата. Според ова, препорачливо е после оброкот да се одморите десет минути на вашата лева страна, па остатокот од денот ќе се чувствувате свежо, а не поспано и уморно.

Прегледи:
309
Ознаки:
· ·
Објавено на:
10.11.2016