Категории

Корисни совети за заштеда на електрична енергија

Чувајќи ја енергијата ние се заштитуваме себе, природата, животните и растенијата.

За таа цел ние ви нудиме неколку корисни совети за рационално користење на енергијата. Прочитајте и дознајте многу едноставни, често бесплатни или многу ефтини начини со кои ќе постигнете најголемо енергетско и парично штедење.

Греење

Секој степен е заштеда од 5% при пресметување на струјата.

  • Намалете ја температурата на термостатот за греење кога одите на спиење или сте отсутни од домот.
  • Користите тајмери за вклучување во време кога струјата е најефтина и сензори за светло кои се палат само кога е некој присутен.
  • Затворете ги вратата, прозорците и секаде поставете гумени дихтунзи за изолација, а тоа ќе ви исплати уште со првата сметка за струја.
  • Спуштете ги ролетните или навлечете ги завесите за да го намалите одлевањето на топлината во текот на ноќта, а отворете ги во текот на денот за да ја искористите сончевата топлина.
  • Загревајте ги само просториите во кои престојувате.
  • Инвестирајте во прозори со вакум, со дупло стакло.
  • Ако е премногу ладно размислувајте и за ставање на стиропор или картон преку прозорското стакло
  • Изолираниот ѕид штеди 30% од енергијата
  • Садете дрвја како штити од прегревање или од ладните ветрови. Ползавците во текот на летото ладат, а во текот на зимата ја загреваат куќата

Осветлување

  • Изгасете го светлото во споредните простории
  • Користете сијалици со различна јачина за различни потреби
  • Користете сијалици со економична потрошувачка (мини-флуоресцентни, електро-луминесцентни), бидејќи трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго
  • За надворешното осветлување користите фотоќелии кои се палат само кога ќе се појави некој

Подготвување на оброци – шпорет

  • Користете експрес лонец бидејќи тој го намалува времето на готвење од 1 час на 10 минути
  • Експрес лонецот штеди енергија, време, пари и ги чува хранливите состојки во храната
  • Ставете капак на садот во кој готвите, бидејќи на тој начин се намалува потребното време и потребната струја за готвење и се зачувува вкусот на храната
  • Користете ја онаа рингла која е со иста големина или помала од садот за готвење
  • Користете ги сите нивоа на рерната за да подготвите повеќе јадења одеднаш. На тој начин заштедувате време, струја и пари.
  • Не ја отварајте рерната додека готвите, бидејќи ја ладите и го продолжувате потребното време-користете го контролното светло на рерната.

Фрижидер

  • Не ставајте топли јадења во фрижидерот.
  • Не го отварајте премногу често.
  • Чистете го фрижидерот од мраз и ако е потребно променете ја гумата на вратата.
  • Проверете го термостатот: фрижидерот најефикасно работи ако температурата е подесена помеѓу 3от и 5от степен, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  • Избришете ги водените капки од шишињата и садовите пред да ги ставите во фрижидер.
  • Не го поставувајте фрижидерот пред радијатор, шпорет и други извори на топлина бидејќи на фрижидерот ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура.

Машина за миење на садови

  • Машината за миење на садови троши помалку електична енергија од рачното миење со топла вода од бољерот.
  • Машината за миење на садовите троши повеќе енергија за сушење отколку за миење на садовите.
  • Не користете вода од проточен бољер бидејќи тој троши повеќе од обичниот.

Бојлер

  • Најмалку бигор се собира на грејачот на бојлерот ако тој е подесен на 60 степени.
  • На секои 18 месеци исчистето го бигорот од грејачот.
  • За едно капење во када се троши топла вода како за три туширања.
  • Исклучете го бољерот кога го напуштате станот подолго од еден ден.

Машина за перење

  • Машината за перење најмногу троши на 95 ° С
  • Вклучете ја само кога е полна
  • Користете кратки програми за перење
  • Не ставајте премногу прашак за перење, бидејќи премногу прашак го отежнува перењето и бара дополнително плакнење.

Пеглање

  • Пред пеглање сортирајте ги алиштата според температурата која е потребна за одреден вид на облека.
  • Алиштата пред пеглање не треба да бидат ниту премногу влажни ниту премногу суви, бидејќи тогаш пеглањето трае неспоредливо подолго.
  • Прво пеглајте ги оние алишта за кои е потребна пониска температура.
  • На крај исклучете ја пеглата и допеглајте го остатокот со исклучена пегла.
Прегледи:
1468
Објавено на:
03.04.2016