Категории

Користењето на овие нешта во домот е ТОКСИЧНО доколку не ги користите правилно

Наизглед секојдневните ситници можат да станат вистински извор на токсини во вашиот дом

Постојат нешта во вашиот дом кои се наизглед безбедни и имаат секојдневна намена, а за кои не знаеме дека можат да бидат доста опасни доколку не ги применуваме правилно. Еве кои се тие.

Алуминиумска фолија
Неизоставен дел од секое домаќинство но може да биде опасна во допир со храна. Студиите покажуваат дека ситните честички алуминиум допираат до нашата храна и потоа до нашето тело. Доколку готвените јадења ги обложувате со алуминиумска фолија, во организмот внесувате многу алуминиум што не е препорачливо.

Сретства за чистење одводи и рерна
Овие сретства содржат хемикалии кои можат да предизвикаат тешки изгореници и респираторни проблеми доколку дојдат во контакт со кожата или дишењето. Затоа е неопходно да користите маска и заштитни ракавици при нивната употреба.

Пластични кутии за храна
Тие се употребуваат во секој дом – практични се за чување но и за носење храна. Меѓутоа можат да отпуштаат отровни хемикалии во нашата храна доколку ги користиме при загревањето во микробранова рерна. Преку загревањето на пластиката, во организмот се внесуваат токсини кои предизвикуваат карцином, дијабетес и неплодност тврдат стручњаците.

Прегледи:
442
Објавено на:
06.04.2020