Категории

Кортни Кардашијан знае како се носи кожен корсет

Најстарата сестра од кланот Кардашијан ги воодушеви фановите со едноставно и секси издание.

Кортни Кардашијан е забележана додека го напуштала студиото во кое се снимаат новите продолженија на познатото реално шоу. Најстарата помеѓу Кардашијан сестрите сака да ги покажува своите атрибути, некогаш дури и премногу, но оваа едноставна комбинација ја прави да изгледа многу посекси, отколку кога се труди да биде. Иако корсетот сам по себе носи одредена сексуална конотација, изработен од црна кожа остава лежерен впечаток.

Комбиниран со скинати фармерки со висок струк и потпетици, како и едноставна црна торба, доаѓа во прв план без да делува воопшто нападно.