Категории

Кралицата Елизабета се шегувала со туристи кои не знаеле дека тоа е таа

Иако е познато дека со кралскиот статус доаѓаат безброј предности (палати, скапоцен накит и ВИП статус) , да се биде главата на Англиската монархија и црква звучи како нивистина напорна работа која и налага на кралицата Елизабета да биде сериозна во поголемиот дел од времето, затоа што покрај се таа го застапува Обединетото кралство.

Но она што дефинитивно не изненадува сите дека кралицата поседува одлична смисла за хумор. Нејзиниот поранешен безбедносен официр Ричард, сподели доста необична ситуација во која кралицата се шегувала на сметка на туристи кои не знаеле дека тоа е. Настанот се случил додека тој и таа оделе покрај Balmoral Estate и им пришла група американски туристи кои и се обратиле на кралицата која на себе носела палто и марама на главата и изгледала доста кежуал.

Кога тие ја прашале дали таа живее во таа област кралицата љубезно им одговорила дека поседува мала куќа во околината, а на прашањето дали ја запознала кралицата таа љубезно се насмевнала и одговорила со „Не!, но тој ја познава..“ покажувајќи кон Ричард.
Откако групата заминала без да има поим дека разговарала со кралицата, таа и официрот долго се смееле на случката.

Прегледи:
385
Објавено на:
05.09.2019