Со освоени преку 20 Греми награди и бројни признанија за животно достигнување, таа заслжено ја носи титулата Кралица на соул музиката.
Наводно, 76 годишната Арета Френклин е во тешка здравствена состојба, откако минатата година откажа повеќе јавни појавувања, таа сега е опкружена со најблиските во Детроит.
Нејзиниот последен настап бил на 2-ри ноември, 2017 за фондацијата на Елтон Џон за борба против ХИВ и СИДА, во Њујорк, а нејзиниот последен јавен настап бил во Мен Центарот во Филаделфија, во август 2017.
Откако последните неколку години имала посериозни здравствени проблеми се чини дека состојбата се влошила, па семејството бара приватност и молитви од јавноста.