Судејќи по видеото кое го објави, “Кралот на Инстаграм”, Дан Билзериан подготвува нов бизнис потфат. Објави видео на кое ја најави новата апликација. Секако, видеото изобилува со сцени од неговиот раскожен живот, и тоа од сите делови од светот. Исто како и неговиот профил на Инстаграм, прекрасни девојки и скапоцен возен парк се дел од неговиот репертоар.
Во почетокот на годинава, 34 годишниот американски Плејбој проба да го освои пазарот на мобилната технологија со играта “Save Dan”, во која, главната цел е да се уништи едно чудовиште пред тоа да ги уништи другите.
Но, фановите се скептични. Ќе може ли со оваа апликација да ги уништи Кардашијан, кои за својата апликација, за само оваа година заработија повеќе од сто милиони долари?