Категории

Кралското семејство на Божиќна миса

Британското кралско семејство вчера присуствуваше на традционалната божиќна миса во црквата Св. Марија Магдалена во Сандригам, Норфолк.

Сето внимание на јавноста беше насочено кон бремената војвотка, Кејт Мидлтон, и идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл.

Маркл, како прва свршеница која му се придружила на кралското семејство за време на мисата ,се потруди да се претстави во најдобро можно светло. Бремената Кејт пак, вешто го сокри стомачето под карираниот капут.

Принцот Филип се движеше пред двата млади пара.