Категории

Креативна Македонија на 17, 18 и 19 октомври организира базар: „Ехо на минатото, крик во сегашноста“

Институтот Креативна Македонија организира базар на ракотворби во Public Room, на 17,18 и 19 октомври од 12-20 ч. Базарот е организиран под мотото „Ехо на минатото, крик во сегашноста“.

Целта на овој базар е да се запознаеме со нашата традиција и култура, преставена преку рачните изработки на талентираните креативци. Да поттикнеме интерес и љубов кај нашиот подмладок, но и сето ова да им го преставиме на странските гости и добронамерници, кои би станале најголеми промотори на нашата земја, што би придонесло за промоција на културниот туризам.

Креативците покрај големиот талент, ги краси и хуманоста. Тие во име на хуманоста донираа свои производи, кои ќе се продаваат на еден штанд, а сите собрани средства одат за лекување на Јана од Охрид (Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА).

Повеќе информации за настанот може да добиете на Фејсбук страницата на Креативна Македонија, како и на следниот ЛИНК

Би сакале да ги поканиме сите љубители на рачните изработки, на традицијата, убавата дружба и хуманоста да не посетат во Public Room (Паблик Рум) и да бидат дел од овој настан.