Креативна Македонија реши да ви предизвика лавина од чувства понудувајќи ви еден спој на традицијата, хуманоста и урбаниот шмек. За таа цел ја прогласија ул. Македонија (плато пред спомен куќата на Мајка Тереза) за „окупирана“ креативна територија на која ќе владеат нивните ESNAF \ ЕСНАФ луѓе, нивните прекрасни идеи и златни раце.
Зошто базар на улица!?
Затоа што тоа е начин да ви го заробиме вниманието и да го насочиме кон настанот што се случува.
Затоа што ќе ве предизвикаме на момент да застанете до ракотворците и да ги погледнете нивните дела, без да сте имале намера да го направите тоа.
Затоа што ќе ги заголицкаме сите ваши сетила , ќе Ве потсетиме на драгите личности и ќе Ве инспирираме да им подарите нешто убаво.
Затоа што нашите еснафи можат да остварат директен контакт со Вас и да добијат повратен ефект за она што го создаваат
Затоа што е лето и уживаме во доброто време!
И најважно од се да Ве поттикнеме да бидете хумани, купувајќи рачни изработки од лицата припадници на ранливите категории, бидејќи главното мото на овој базар е хуманоста. – велат од Креативна Македонија.
Креативна Македонија ве поканува на Esnaf Street Market Bazaar на 4, 5 и 6 јули на ул. Македонија, со почеток од 12 до 20 часот. Присуство е задолжително! Купувањето е ваш избор!