Категории

Кремастиот чоколаден колач за убав викенд

Викендите се одличен период да ги извежбате вашите способности за готвење. Овој рецет е наменет за сите љубители на слатко задоволство, а за неговата подготовка потребни ќе ви бидат само 5 миути и две големи шолји. 

За подготовка на овој сладок десерт потребни ви се 4 лажички путер, 30 гр. исецкана чоколада, 4 коцки млечна чоколада, 3 лажички шеќер, 2 јајца, 2 лажички какао, 1 лажичка екстракт од ванила,  ¼ лажичка сол, 30 гр. брашно, ½ лажичка прашок за пециво.

Како да го подготвите овој десерт? Во микробранова печка, истопете ја исецканата чоколада и путерот. Измешајте ги јајцата со шеќерот, какаото, екстрактот од ванила и солта и измиксирајте. Потоа, додадете го чоколадото со путерот, промешајте и на крајот додадете ја и мешавината од брашно и прашок за пециво. Добро изматете ја смесата, а потоа поделете ја во две поголеми или четири помали шолји. Ставете ги во микробрановата печка, намалете ја температурата за 50% и оставете да се печат 45 секунди. Извадете ги шолјите од микробрановата печка, промешајте и вратете да се печат уште 45 секунди. Кога ќе ги извадите, во средината на секоја смеса ставете по две коцки чоколадо и вратете ги да се допечат уште 45 секунди. Украсете со овошје, шеќер во прав или шлаг и послужете.

Имајте убав и сладок викенд.