Категории

Кристен Стујарт стана заштитно лице на новиот парфем на Chanel

Францускиот бренд со задоволство ја претстави својата муза – актерката Кристен Стујарт како заштитно лице на новиот пафем именуван како “Gabrielle” во чест на основачката на иконскиот бренд. Парфемот е креација на Оливер Полж во соработка со лабораторијата за креирање и развивање на парфеми, а опишан е како ‘апстрактно цветен’.

Актерката која е воедно и амбасадорка на брендот уште од 2013 година, веќе ја видовме во бројни кампањи на ова куќа како колекцијата Chanel’s Métiers d’Art Paris-Dallas во 2014, и Paris to Rome во 2016, а неодамна ја претстави и кампањата за Gabrielle ташната. Кристен е ангажирана и како заштитно лице на beuaty кампањата за makeup колекцијата Le Rouge Collection N°1.

Промотивните фотографии од новиот парфем кој таа ги изработи заедно со британскиот фотограф и режисер Ринган Ледвиг, се очекуваат да бидат претставени во јуни оваа година.

Прегледи:
368
Објавено на:
12.05.2017