Кристијано Роналдо денеска напладен и официјално го отвори својот хотел со пет ѕвездички во Мадеира, а секако свечената церемонија која ја организираше Португалецот не можеше да мине без присуство на новинарите кои отворија неколку теми за време на неговото обраќање.
Роналдо се врати од Франција како нов европски шампион, а 40 денови претходно ја освои и титулата во Лигата на шампионите заедно со неговиот Реал Мадрид, што секао е повеќе од добра увертира да биде главен фаворит за освојување на „Златната топка“.
Само за потсетување, Кристијано имаше потпросечно отворање на минатата сезона и често беше доста критикуван додека тренер беше Рафаел Бенитез, но десет месеци подоцна, самиот Роналдо не само што и даде преодна оценка на завршената сезона, туку истата ја окарактеризира како најдобра во неговата фудбалска кариера.
– Ова е најдобрата година во мојот живот. Ги освоив најважните трофеи со мојот клуб и со мојата репрезентација. Следниот трофеј кој ќе го придодадам во мојот музеј ќе биде оној од Европското првенство во Франција. Посебно сум горд што можам да кажам дека стигнамвме до ваков успех, – истакнал Роналдо.