Категории

Кристијано Роналдо го вози најскапиот автомобил во светот

Фудбалерот Кристијано Роналдо е сопственик на најскапиот автомобил во светот- Bugatti  „La Voiture Noire“.

Кристијано Роналдо за својот нов автомобил издвоил 16.5 милиони евра.
Bugatti својот нов модел го претстави минатиот месец на Саемот за автомобили во Женева по повод 110 години од постоењето.
Направен е еден примерок кој е проценет на 11 милиони, но на аукцијата достигнал речиси дупло поголема цена. По еден месец е откриено дека го купил токму Роналдо.
Роналдо годишно од договорот заработува 30 милиони евра, а ако се додадат и приходите од реклами- овој автомобил чини околу 2 негови плати.
Во гаражата друштво ќе му прават автомобилите на Ferrari, Lamborghini, Bentley, Aston Martin, BMW.

Прегледи:
755
Објавено на:
02.05.2019