Категории

Кристина Поптрпева стана мајка: Во Новата година го доби најубавиот подарок!

Македонската пејачка и модел Кристина Поптрпева Новата година ја започна со најубавиот подарок – го роди своето прво дете.

Јавноста ја запозна по многубројните домашни и меѓународни избори за мис, ревии и фотосесии. Атрактивната Кристина која плени со својата природна убавина, веднаш беше забележана како голем потенцијал во модниот свет. Но, покрај успесите и ангажманите во ова поле, таа успешно ја гради и својата кариера во музиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA POP (@kristinapoptrpeva)


Досега ја има издадено својата прва музичка нумера „Никад доста“ и дуетот со наслов „Беби“. Во иднина планира да продолжи да ја гради музичката кариера, но во моментот прави пауза, а причината за тоа е раѓањето на нејзиниот син Илин.

Таа успеа да ја чува во тајност својата бременост, а деновиве се особено актуелни фотографиите кои ги објави каде што таа позира во последниот месец од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA POP (@kristinapoptrpeva)


На самиот почеток на Новата година, на 5. јануари Кристина сподели со јавноста дека ја доби својата најважна животна улога – стана мајка.

„Денес среда среќен ден,05.01.2022 Господ не благослови со најголемата среќа! Го добивме најубавиот подарок-се роди Илин. Добредојде на свет наше слатко момче. Мама и тато те сакаат“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA POP (@kristinapoptrpeva)


На малиот Илин му посакуваме безгрижно и среќно детство, а Кристина ја очекуваме набргу со нов хит!

Прегледи:
682
Објавено на:
12.01.2022