Категории

Критиките никогаш не запреа: Режисерот на „Титаник“ конечно откри зошто Џек мораше да умре

Фановите на „Титаник“ со години дебатираат за тоа дали Џек можеше да преживее по потонувањето на бродот.

Дека на вратата на која се спаси Роуз имаше доволно место и за Џек, докажа и славната емисија „Mythbusters“.

Но, зошто тоа не се случило, конечно открива режисерот на филмот, Џејмс Камерун.

Тој после дваесет години одговори:

– Одговорот е едноставен. На 147-та страна од сценариото пишува дека Џек умира. Таков беше изборот на сценаристот, па на вратата имаше место само за неа, не и за него. Ова докажува колку публиката лично си ја сфатила смртта на Џек. Ако Џек преживееше, крајот на филмот ќе немаше смисла – изјавил режисерот.

Но дали навистина ќе немаше смисла, останува да проценете самите.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
491
Објавено на:
28.11.2017