Категории

Кросфит е буквално за сите, од 7 до 77!

Кросфит: Начин на вежбање прилагодлив за сите

Постојат многу различни причини зошто луѓето вежбаат КросФит. Најчести причини што ги привлекуваа вежбачите се подобрување на физичкиот изглед, топење на телесните масти, подобрување на сопственото здравје.

КросФит е програм за снага и кондиција кој е фокусиран на зголемување на работниот капацитет на луѓето во различните модалитети, физички предизвици низ времето, односно подобрување на здравјето и физичкиот перформанс. Основата на КросФит-от е да бидеме активни секојденвно односно да правиме по една вежба на ден во која го даваме својот психофизички максимум за денот. Вежбите варираат секој ден исто како и непредвидливата иднина на секојдневието. Најголема предност е тоа што во една КросФит сала вежбате се во група и на тој начин запознавете истомисленици со кои ги делите вашите искуства и учите многу работи кои ви помагаат да стигнете до посакуваната цел. Едноставно таа заедница ви помага да водите поздрав начин на живот и да бидете поактивни и да совладувате нови предизвици.
 КросФит како спорт е тотално друга приказна. Како и секој професионален спорт, бара посветеност, во и надвор од салата. За да се биде успешен Кросфит натпреварувач е потребнa голема жртва. Целото време буквално треба да се посвети на оваа цел. Тоа значи константна работа на подобрување на формата и техниката, правилен начин на исхрана и да се осигура доволно време за одмор (три клучни компоненти).

На прв поглед, овие два типа на вежбање КросФит, изгледаат многу различно. Од една страна имаме рекреативен КросФит, како фитнес програма, а од друга страна компетитивен Кросфит во форма на спорт. За вистински да сфатите колку се всушност различни, треба прво да воочиме колку се слични. Истиот тип на движења ги изведуваат и оној кој вежба рекреативно и оној кој се подготвува за натпревар. Единствената разлика е во интензитетот. Сите ние имаме потреба да ги вежбаме истите движење бидејки тоа е најдоабар начин како да ја изградиме динамичната снага за да ги контролираме објектите што ги носиме во рака и да си го контролираме сопственото тело. За пример ќе го земеме мртвото подигнување (deadlift). Да речеме дека имаме три типа на кросфитери. Баба, професионален кошаркар и банкар. Сите тројца имаат иста потреба од мртво подигнување, но се разликуваат во целта за која го вежбаат мртвото подигнување. Бабата вежба за да може да подигне кеси од земја после пазарење, кошаркарот за експлозивност, а банкарот за да нема проблем со кичмата после долготрјно седење при подигнување на своите деца. Единствената разлика е во интензитетот (килажата) кој е тотално прилагодлив за сите ваши потреби. Натпреварот всушност е против самиот себе. Како да бидам подобар од вчера?

Вистинската разлика помеѓу овие два аспекта се сведува на приоритети. Оној што ќе избере да се натпреварува е оној кој е подготвен да го изложи своето тело на повеќе тренинг во текот на денот кој бара многу време и посветеност за постигнување на елитна форма за натпревар. Рекреативните кросфитери вежбаат еднаш на ден и доколку таа вежба ја направат најдобро, најбрзо што можат, нивното ниво на фитнес постојано ќе се зголемува и тоа е сосема доволно за долг и здрав живот.

 Кросфитот е одличен токму поради тоа што нуди многу различни можности на многу различни типови на луѓе. Се што треба е да побарате официјална КросФит сала и да пробате еден час КросФит и ќе видите за што станува збор. Кросфит е буквално за сите!
Прегледи:
530
Категории:
Crossfit · Спорт
Објавено на:
04.09.2016