Категории

Крцкава пита со тиквици и млад кромид! (РЕЦЕПТ)

Подготовете крцкава пита со тиквици и млад кромид одлична во комбинација со јогурт.

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 1 помала млада тиквица
  • 1 млад кромид
  • 100 гр кисела павлака
  • 100 гр шунка
  • 1 јајце
  • сол и бибер
  • масло

Подготовка:

Тиквичката изрендајте ја со кора, ако е млада и посолете ја. На масло пропржете го сечканиот кромид, додадете ја исечканата шунка и исцедената тиквица која стоела барем 10 минути во сол.

Тргнете ја од оган, додадете павлака, јајце, бибер и сето тоа измешајте го. Прво раширете ја кората, премачкајте со тенок слој по кората, додадете ја одозгора и другата кора и неа премачкајте ја.

Свиткајте ги краевите па завијте ја во ролна питата. Плехот обложете го со хартија за печење или со четкичка намачкајте ја со масло. Редете ги ролните во плех. Премачкајте ги со масло и ставете ги во загреаната рерна на 200 степени, 40-45 минути за да зарумени и во горниот и долниот дел. Сечете ја топла со кисело млеко или јогурт.

Добар апетит!

Прегледи:
620
Објавено на:
16.05.2019