Ќе осетиш мир кога конечно ќе заврши.
Кога ќе излезеш од маѓепсаниот круг во кој си се вртела, си се обидувала да излезеш и си се враќала во него. Повторно и повторно.
Доаѓаат работите на свое место. Се сложуваат коцките. Сѐ се решава. Овака или онака. Но, се решава.
Остри резови, новогодишни одлуки, големи ветувања дадени себеси… не вреди…
Доаѓа тоа спонтано, тогаш кога му е време.
Тогаш кога треба да дојде.
Твое е да бидеш трпелива и да веруваш.
Ќе почувствуваш после сѐ олеснување.
Како кога после долг ден на потпетици облекуваш балетанки.
Како кога после долг и напорен пат доаѓаш дома и легнуваш во својот кревет.
И знаеш, добро е.
Завршило онака како што требало.
Таму си каде што требало да бидеш.