Категории

Кружат верувања дека топлото време ќе успее да го запре коронавирусот

Стручњаците одговорија на тврдењата на луѓето кои мислат дека доаѓањето на топлото време ќе го спречи ширењето на Covid-19

Уште од почетокот на епидемијата Covid-19 постојано се слушаат пораки со надеж и уверувања дека вирусот би можел да исчезне со доаѓањео на топлото време, како што се случува и со останатите сезонски болести како грипот и преладата.

Ова очекување се темели на својството на сезоналност кое го имаат некои вируси. Но стручњаците тврдат дека постојат повеќе причини поради кои не би требале да сметаме на тоа.

Засега не знаеме дали би можеле да бидеме сигурни и дали би можеле да очекуваме со голема веројатност дека топлото и суво време ќе го сречи ширењето на коронавирусот, а особено нема видливи показатели дека е возможно да го запре. Поголемиот дел од стручњаците денес се сложуваат дека тоа е нереално сценарио. Дури и ако вирусот има својство на сезоналност, можно е повторно да се врати идната сезона. Со други зборови, тие веруваат дека не е исклучена можноста овој вирус да стане и сезонаска болест како грип и прелада.

Прегледи:
574
Објавено на:
11.03.2020