Категории

Ксенија Николова #НаправиПовеќе донирајќи облека во Копче

Една од најважните лекции која треба да ja научиме во животот е да работиме сите заедно за општеството, бидејќи само така ќе направиме вистински промени. Нов концепт во градот има намера да ја закопча солидарноста, свеста за екологијата и социјалните проблеми, воедно да ангажира лица во ризик и да го намали отпадот.

Сите овие цели ги има „Копче“, проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените, повеќе за целта и работењето на Копче ни раскажа Марина Матевска, од Црвен Крст, за што може да прочитате тука.

„Копче“ е новата урбана приказна во градот која ги спојува хуманоста, достоинството и трудот. Копче е совршеното место за секој да најде нешто за себе, бидејќи нуди интересни и уникатни парчиња облека, за сите возрасти и тоа по цени за сечиј џеб.

Една од најважните лекции која треба да ja научиме во животот е да работиме сите заедно за општеството, бидејќи само така ќе направиме вистински промени. Писателката @ksenijanikolova го посети Копче, ни донесе парчиња облека, ни раскажа приказна за секое од нив и со многу љубов ги подари, за да донесат многу топлина и среќа кај нивниот иден сопственик. Тимот на Копче од се срце и е благодарен што ни помогна да ја збогатиме и прошириме мисијата на Копче, да создадеме едно похумано општество кое ќе се грижи за животната средина и создава подобро утре за сите нас. #НаправиПовеќе 💕#Копче #КсенијаНиколова #порака #скопје #skopje #macedonia #инстаграмџии #shoes #kids #инстаграмџики #фото #фотонаденот #НаправиПовеќе #среќа #фотонанеделата

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on

Од „Копче“ го покренуваат прашањето за правилно донирање, односно се потенцира фактот дека неретко контејнерите за донирање облека се контенјер за отпадоци за некои луѓе, со што се уништуваат и добрите парчиња облека кои граѓаните ги донираат.

Доколку парчето облека повеќе не може да се носи, тогаш тоа припаѓа во отпад, а ги замолуваат граѓаните да донираат облека која е нослива, но повеќе не им одговара големината или едноставно не наоѓа место во нивниот гардеробер.

Нашите пријатели од Сава Осигурување подарија приказни, кои преку Копче ќе донесат среќа кај нивниот иден сопственик. Кутија од Копче е поставена во нивните работни простории, каде секој од вработените може во било кое време да остави парче облека кое повеќе не наоѓа место во нивниот гардаробер. Можност за вклучување во приказната Копче ја има секој поединечно или како што тоа го прават нашите пријатели од Сава Осигурување, како компанија. Донирај, купи, волонтирај…биди и ти дел од Копче и #НаправиПовеќе за општеството. #Копче #скопје #skopje #macedonia #инстаграмџии #инстаграмџики #фото #фотонаденот #НаправиПовеќе #среќа #фотонанеделата

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on

Со донирањето секое парче облека ќе си најде свој нов сопственик и ќе се зачува животната средина преку намалување на отпадот и намалување на масовното производство на облека. Истовремено, се помага и на социјално загрозените и со еден акт на купување или донирање правите повеќе за општеството.

Многу поединци и компании даваат свој придонес во „Копче“, Сава Осигурување и Consulting Inter Group поставија кутии од Копче, каде нивните вработени ќе можат секојдневно да донираат облека, а и многу поединци го посетија Копче и дадоа свој придонес.

Нашите пријатели од Consulting Inter Group ни се приклучија во мисијата да подариме приказна, за некој од вас да си облeче среќа! 💕 По повод нивниот роденден и нивната желба да приднесат во општеството промовирајќи ги вистинските вредности, во нивните простории e поставена кутија од Копче, каде тие ќе можат да донираат облека. Тимот на Копче им го честита роденденот и од се срце им е благодарен што ни се придружија заедно да направиме повеќе во општеството. #НаправиПовеќе со Копче 💕 #Копче #скопје #skopje #macedonia #инстаграмџии #инстаграмџики #фото #фотонаденот #НаправиПовеќе #среќа #фотонанеделата

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on

Една од нив е и писателката Ксенија Николова која во Копче дојде со парчиња облека кои нејзе и значат, но смета дека е време тие да направат некој друг среќен како што ја направиле нејзе. Мотото на „Копче“ е „раскажи приказна, облечи си среќа“, со кое се повикуваат за парчето облека кое го донираат да раскажат приказна, со надеж дека нивниот следен сопсвеник ќе го следи среќа.

Ксенија подари неколку парчиња облека, секое со своја приказна „Многу ми беше драго што бев дел од приказната Копче. Копче е одлична можност за оние кои сакаат да донираат облека, чевли или играчки, а воедно и прекрасно допринесување на оние на кои тоа им е најпотребно.“ вели таа.

Мисијата на „Копче“ е да ја промени свеста кај граѓаните, сите да сфатат дека кул е да се носат парчиња облека кои имаат една поинаква вредност. Парчиња кои допринесуваат социјално загрозените граѓани да имаат работа, парчиња кои ќе го намалат отпадот, а зголеменото функционирање на продавниците за облека од втора рака, ќе го намалат масовното производство и негативните импликации што ги има на животната средина.

Подари приказна, облечи си среќа! 💞 Една од најважните лекции која треба да ja научиме во животот е да работиме сите заедно за општеството, бидејќи само така ќе направиме вистински промени. Писателката #КсенијаНиколова го посети Копче, ни донесе парчиња облека, ни раскажа приказна за секое од нив и со многу љубов ги подари, за да донесат многу топлина и среќа кај нивниот иден сопственик. Тимот на Копче од се срце и е благодарен што ни помогна да ја збогатиме и прошириме мисијата на Копче, да создадеме едно похумано општество кое ќе се грижи за животната средина и создава подобро утре за сите нас. #НаправиПовеќе 💕#Копче #скопје #skopje #macedonia #инстаграмџии #shoes #kids #инстаграмџики #фото #фотонаденот #НаправиПовеќе #среќа #фотонанеделата

A post shared by Копче (@kopce.skopje) on

„Го охрабрувам овој начин на развивање на општеството, затоа што сум цврсто убедена дека истиот е витален во денешницата. Наша должност е да помагаме и со мали чекори да го менуваме светот на подобро.“ додава Ксенија.

Секој може да биде дел од „Копче“, со само еден ваш чекор на донирање, купување или волонтирање правите повеќе за општеството.