Категории

Куба започна да вакцинира и 2-годишни деца против КОВИД – 19

Куба преку користење на вакцината која сама ја разви, е една од првите земји кои ја започнуваат вакцинацијата на мали деца.

Во четвртокот Куба започнала масивна кампања за деца на старост помеѓу 2 и 10 години, станувајќи една од првите земји кои се одлучиле на овој чекор. Здравствените работници велат дека вакцината која е развиена и произведена на Куба е сигурна за многу млади деца.

„Нашата земја не би ги изложила децата ни на минимален ризик да не е докажано дека вакцините се сигурни и многу ефикасни за нив“, изјавил директорот на Универзитетската поликлиника Ведадо.

За потсетување, во јуни, кинеските регулаторни тела одобрија употреба на вакцините Синовак и Синофарм за деца на возраст од 3 до 17 години. САД и многу европски земји моментално дозволуваат вакцинација на деца од 12 години и постари.

Прегледи:
434
Објавено на:
17.09.2021