Категории

Куче 6 дена го чекало својот болен сопственик пред болницата

(ВИДЕО) Срцето на сите беше скршено: Верно куче со денови го чекаше сопственикот пред болницата.

Многу пати досега сме биле сведоци на неверојатната љубов и лојалност што кучињата ја гаат кон сопствениците. И сега повторно, едно куче го расплака и го воодушеви целиот свет.

Имено, кучето ја следело брзата помош што го однела неговиот сопственик во болница во Турција, а потоа останало пред болницата скоро една недела, сè додека неговиот сопственик не бил пуштен по третманот поради проблеми со мозокот.
Женката од мешана раса по име Бонџук, што на турски значи „бисер“, го пречека својот сопственик Кемал Сентурк (68), кога тој конечно излезе од болницата во градот Трабзон, во североисточна Турција.

Сентурк бил префрлена во болницата на 14 јануари, поради мозочна емболија, а Бонџук доаѓаше пред болницата секое утро во 9 часот, каде тој престојуваше.

„Доаѓаше секој ден околу 9 часот наутро и чекаше додека не се стемни. Таа никогаш не влегуваше во болница“ – рече чуварот на болницата Мухамет Акдениз, како што објави Гардијан.

Персоналот понекогаш ја хранел, а ќерката на Сентурк неколку пати се обидела да ја врати Бонџук дома, но секој пат таа бегала да се врати пред болницата. Кога Кентурк конечно излегол од болницата, Бонџук истрчала околу неговата инвалидска количка, скокајќи да ја погали и мавтајќи со опашката.

„Таа е навикната на мене. Исто така, постојано ми недостасуваше“ – рече тој и додаде. „Тоа го прави човекот да се чувствува многу среќен. Тоа куче е многу блиско со мене, како човечко суштество и јас сум многу среќен поради тоа.“

Погледнете го видеото:

Прегледи:
612
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
25.01.2021