Категории

Куче кое се плаши од мрак научи да користи светилка и со нејзина помош да извршува нужда

(ВИДЕО) Времето од годината повторно дојде кога деновите стануваат се пократки, а ноќите подолги. На некои кучиња кои се плашат од темнина им е тешко, а меѓу нив е и кучето Џејк.

Ова куче од Нов Зеланд затоа научи да користи фенерче, па го зема во заби и излегува со него во дворот за да изврши нужда кога ќе се стемни. Неговата симпатична рутина беше објавена на TikTok и стана вирална.

@jakeyboo20

#dogsofttiktok #nzdogsoftiktok #cute

♬ original sound – Puppy Dog Jake

„Вака се оди на ноќе“, стои во описот на видеото, кое собра шест милиони прегледи.