Категории

Кучешки раси кои најчесто се мешаат и кратко објаснување на нивните разлики

Кучето, без разлика од која раса е, е најдобар пријател на човекот.

Расата на кучето не е битна за тоа да Ви покаже љубов – секое куче е радост, среќа и љубов на свој начин. Но, кога бирате куче кое Ви треба за конкретна намена (на пример: чување во двор или во стан; во малобројно или многубројно семејство; со други кучиња; со други животни; итн.) треба да се земаат во предвид различните раси и карактеристиките кои секоја раса ги носи.

Погледнете ги најчесто мешаните кучешки раси, и научете да ги разликувате!

Златен ретривер и лабрадор
Golden Retriever & Labrador Retriever

Двете раси имаат сличен темперамент – познати се по тоа што се социјални, пријателски настроени и послушни. Но, лабрадорот има потреба од повеќе забава, во споредба со златниот ретривер, и му треба повеќе вежбање. На изглед, ретриверите имаат подолго крзно и побушави опаши, а лабрадорите се со покуси влакна и се помускулести.

Маламут и хаски

Alaskan Malamute & Husky

Маламутите се малку повисоки и потешки од хаските. Маламутите никогаш немаат сини очи, а хаските најчесто имаат токму сини очи (но не секогаш). Маламутите имаат поголема и потопчеста глава од хаските, и опашот најчесто им е свртен нагоре, а кај хаските надоле.

Акита ину и Шиба ину
Akita Inu & Shiba Inu

Првата очигледна разлика е дека Акита е обично многу поголемо и потешко куче од Шиба. На Акита многу често им течат лиги, а на Шиба никогаш.

Чивава и руски териер
Chihuahua & Russian Toy Terrier

Главата на чивавите е обично поголема отколку на руски териер. Рускиот териер има подолго носе од чивавата, и најчесто потенко тело. Но, и двете се слатки минијатурни суштества кои се многу гласни :)

Кане корсо и боксер
Cane Corso & Boxer

Најчесто, кане корсо се препознава од боксерот по ушите – на кане корсо ушите се пократки отколку на боксерот. Кане корсо е поголем од боксер, и тежи повеќе.

Пули и комондор
Puli & Komondor

И двете имаат уникатни крзна за кои е потребна огромна грижа. Но, пули е обично многу полесно и помало од комондорот.

 

Прегледи:
1335
Категории:
Животни
Објавено на:
13.10.2020