Категории

КУЧЕТО КАРАБАШ МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ!

Арачиновецот Џемаиљ Алиевски вели дека лаежот на кучето било сигнал дека треба да ја напушти неговата нива, само десетина минути пред да се случи големиот потоп

Љубиша Станковиќ

„Само десет минути ме делеа од сигурна смрт! Оставив се’, влегов во возилото и се упатив кон Арачиново. Се спасив од сигурна смрт, благодарејќи на кучето кое малку пред да надојде водата почна нервозно да лае. Погледнав кон него и гледам се качило на куќичката и продолжува да лае во правец од каде што дојде водата. Го земав и побегнав. Ја оставив нивата, но спасив жива глава“, раскажува арачиновецот Џемаиљ Алиевски кого го затекнавме како со лопата го расчистува наталожениот мил, а под око милно фрла поглед кон Карабаш, кучето кое му го спасило животот.

„Се’ се надоместува. Секоја штета може да се надомести, освен загубата на човечките животи. На целата оваа несреќа којашто не’ снајде, јас, сепак, сум среќен што никој од моите соседи не загина во налетот на големата вода. А, беше тоа едно големо езеро. Сега, по се’, си помагаме едни на други, колку што можеме“, вели Алиевски, чиишто први соседи се членовите на семејството Кузмановски.

Стево Кузмановски и неговиот син ги затекнавме во моментите како со количка носат песок од плацот на соседот Алиевски, којшто потоа го истураат на патот што води до нивниот дом.

Колкаво е количеството на вода во нивната нива најдобро говори податокот дека куќата им е на стотина метри од главниот пат кој води за Арачиново, а на кој припадници на Армијата, со пумпа, ја исцрпуваат водата.

„Ова беше едно големо езеро. Сега водата е од другата страна на патот. Верувам дека видовте колкаво езеро има таму?“, вели Стево Кузмановски.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК

Прегледи:
498
Објавено на:
12.08.2016