Категории

Кучињата и мачките не можат да го пренесат корона вирусот

Вашите домашни миленици се безбедни

Кучињата и мачките не можат да го пренесат корона вирусот на луѓето. Некои шпекулираат дека можат да бидат позитивни на корона вирусот но со сигурност не можат да го пренесат на своите сопственици, велат кинеските научници.

Кинеските стручњаци врз основа на досегашните истражувања за Covid-19, тврдат дека не постојат точни докази дека домашните миленици можат да бидат извор на корона вирусот и дека не можат да се разболат.

Советите на ветеринарите упатуваат сопствениците на домашни миленици да ја одржуваат редовно нивната хигиена исто така и после играњето со нив редовно да ги мијат рацете.