Категории

Кучињата повеќе сакаат да ја слушаат Бијонсе, отколку Моцарт

Според најновото истражување, поголемиот дел од кучињата повеќе сакаат да ја слушаат песната “Single ladies” на Бијонсе и другите модерни звуци, отколку “Малата ноќна музика” на Моцарт и класичните композиции.

Ова се резултатите од експериментот “Музички преференции на домашните кучиња”, кој го организираше компанијата “Sony”.

Како и луѓето, и кучињата имаат свој музички вкус, покажа истражувањето спроведено по повод претставувањето на аудиосистемот “Sony GTK-XB7”.

Во експериментот учествувале девет кучиња од различни раси, на кои наизменично им биле пуштани хитовите на Бијонсе, Џастин Бибер, Тејлор Свифт, Елвис Присли и Мартин Герикс, како и големите музички класици на Бах, Моцарт, Бетовен и Чајковски.

Резултатите покажаа дека скоро две третини од испитаните кучиња (62%) спонтано порадо бираат да слушаат музика од Бијонсе, отколку од Бетовен и другите класични композиции кои ги избрале 38% од кучињата.

Истражувачите пуштале една популарна и една класична песна на два звучници со длабок бас во комбинација со разнобојно тросмерно осветлување кое го следел ритамот, а кучињата главно се задржувале пред звучникот со популарна музика, што сугерира дека повеќе уживаат во слушањето на поенергичен ритам.

Какви песни им се допаѓаат на најдобрите пријатели на човекот испитуваа експертите за перцепција кај животните и членови на европското Здружение за испитување на однесувањето на животните, докторката Вилкинсон и докторката Наталија Албекерк.

“Сакавме да дадеме ново значење на забавата, а за тоа нема подобар начин од тоа да ги повикаме нашите крзнени пријатели да ни се приклучат на подиумот за танц”, изјави директорот на секторот за видео и звук во компанијата “Sony”, Алберто Ајала.

Компанијата “Sony” во соработка со иновативната продукциска куќа “Unit 9” креираше и спот “Party Animals” кој прикажува како домашните миленици се забавуваат на хитот “Animals” од Мартин Гарикс, кој е пуштен на аудио системот GTK-XB7.

Научниците и претходно испитуваа како музиката влијае на животните и заклучија дека, на пример, кравите кои го слушаат Моцарт даваат повеќе млеко.

Прегледи:
353
Објавено на:
25.05.2016