Категории

Куглоф со цреши: Вкусот што го сакаат сите генерации! (Рецепт)

Овој интересен рецеп ќе биде ваше слатко задоволство!

Состојки: 4-5 јајца, 250 гр брашно, 500 гр цреши, 100 мл масло, 150-200 г шеќер, рендана кора од лимон, половина прашок за пециво.

Подготовка: Измешајте ги јајцата со шеќерот, додадете брашно и прашок за пециво, кората од лимон, масло и се фино соединете. Во силиконски калап за куглф на дното фрлете малку цреши, покријте со неколку лажици тесто, и повторно ставете цреши, па тесто и сè додека не го потрошите материјалот.

На врвот ставете цреши. Печете на 200 степени, околу 30 минути.

Печениот куглоф извадете го од калапот и посипете го со шеќер или со ванила шеќер.

Пријатно!

Прегледи:
1033
Објавено на:
02.05.2018