Категории

Куглоф со вишни: Моќно и сочно совршенство кое ќе ве освои веднаш! (РЕЦЕПТ)

Откако ќе го испробате овој рецепт, ќе го правите многу често

Состојки:

  • 350 гр. путер
  • 300 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 јајца
  • 350 гр. брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 50 грама скробно брашно
  • 1 дцл. млеко
  • компот од вишни

 

Прелив:

  • 200 грама темно чоколадо
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Во поголем сад пенесто изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер.

Додадете ги јајцата и продолжете со матење.

Додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и скробното брашно и веднаш потоа додадете го и млекото.

На крај додајте ги исцедените вишни од компотот.

Калапот за куглоф намачкајте го со масло и посипете го со брашно.

Смесата распоредете ја рамномерно во калапот и печете ја во рерна

загреана на 170 Целзиусови степени околу еден час.

Извадете го куглофот од рерната и оставете да отстои во калапот 5 минути.

Потоа извадете го од калапот и оставете да се излади.

Прегледи:
669
Објавено на:
18.02.2020