Категории

Со купен парфем од Bellina.mk до наградно патување за 8ми март за двајца во Виена

За прв пат од своето постоење, Bellina.mk организира специјална наградна игра за најсреќниот добитник, кој ќе има можност да освои незаборавно петдневно патување за двајца во Виена.

Сите оние кои во периодот од 18.01.2017 – 28.02.2017 година ќе купат барем еден парфем од on-line продавницата, ќе бидат учесници во извлекувањето. Принципот на организаторот на наградната игра е следен: колку парфеми ќе нарача секој потрошувач, толку пати ќе биде содржан неговиот број за следење во куглата за извлекување, со што бројот на купени парфеми правопорционално ја зголемува шансата за добивка. Организаторот на наградната игра искажува и голема благодарност до соработникот Falcon Travel, кој го организира ова патување.

Патувањето ќе се реализира во периодот од 08.03.2017-12.03.2017 година. Среќниот добитник ќе има можност да ги посети: дворецот Шенбрун, Дунавската кула, плоштадот Рингштрасе, палатата Белведере, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св.Стефан, голем број на други прекрасни градби, како и да искористи можност за шопинг во Designer Outlet Parndorf.

Сеуште се мислите? Доколку Виена е Вашата омилена или посакувана дестинација, веднаш посетете ја on-line продавницата на www.bellina.mk, одберете го Вашиот парфем и понесете го со себе на незаборавното патување.

Прегледи:
566
Објавено на:
11.02.2017