Категории

Купил фотелја за 450 денари: Тоа што го пронашол во неа му го сменило животот

Ангус и Ангела Милнер Броун пред 10 години купиле стара фотелја за 450 денари (7 евра). Неодамна во неа пронашле дијамантски накит во вредност од 7 000 евра.

Ангела (50)  и нејзиниот сопруг Ангус (47) немале претстава што се крие во фотелјата која ја купиле години наназад, а која поради лошата состојба на крајот завршила на таван, пренесува британскиот Телеграф.

Двојката од Шкотска пријатно се изненадила кога Агнус решила да ја обнови фотелјата.

-Фотелјата ја купивме на распродажба за само 450 денари. Тогаш немавме пари за да ја обновиме па едноставно ја сместивме на таван. Но, неколку години подоцна, сопругот ме изненади со дијамантски прстен за нашата годишнина. Го пронашол скриен во фотелјата“, раскажала Агнес.

– Следниот  Ден на вљубените ми подари дијамантски менѓуши, а за Божиќ дијамантски брош. Целиот тој накит бил скриен во фотелјата и не можевме да веруваме каква среќа ни се случи“. Ангус го пронашол накитот во фотелјата додека ја подготвувал за реновирање, но решила да го чува накитот во тајност и повремено да и го дарува на својата сопруга.

Проценето е дека накитот вреди околу  7000 евра , 1000 пати повеќе од што двојката ја платила фотелјата.

Прегледи:
549
Објавено на:
04.08.2016