Категории

Купил напуштен град и морал да остане тука поради пандемијата!?

Интересен факт е дека многу луѓе одбираат да живеат во напуштени градови – дури и да купат такви градови.

Brent Underwood е 31-годишен претприемач кој заедно со својот пријател Jon Bier, купиле напуштен град наречен Cerro Gordo во 2018, за 1.4 милиони долари.

Ја потрошил заштедата од целиот свој живот на тоа, како и пари од бизнис партнерот Jon, пријатели, клиенти и други инвеститори, со надеж да го претвори во автентична туристичка атракција.

Доаѓа почетокот на 2020, доаѓа и Корона вирусот, и Брент решава да се себеизолира во Cerro Gordo. Почетниот план бил да остане таму 3-4 недели, бидејќи верувал дека толку ќе трае карантинот, но останал 6 месеци, и се’ уште е таму – прво поради корона вирусот, но побитно, бидејќи се заљубил во местото.

Cerro Gordo е мало градче, големо околу 1.2 km² кое било најголемиот производител на сребро во Калифорнија. Тука живееле околу 4000 луѓе, во околу 400 куќи. Низ историјата, жителите ископале сребро вредно денешни 500 милиони долари, Но, во рудниците снемало сребро, и луѓето го напуштиле градот. Сега Брент е единствен жител таму, заедно со 7 мачки и 4 кози. Тој засега ги реновира и ги чисти останатите 22 згради, трансформирал една продавница во музеј и опремил хотел, а најголем проект му било тоа што повторно донел водоводни цевки и сега, по 15 години, градот повторно има питка вода.

Во градот има многу рудници, каде што има и остатоци од работнички алишта. Дури има и капела!

Тој има направено Јутјуб канал, и неодамна стави видео за својот престој во напуштениот град, каде што раскажува детално за сите негови авантури:

Прегледи:
603
Категории:
Животен стил
Објавено на:
09.10.2020