Категории

Куркумата го поттикнува слабеењето, го чува срцето, ги намалува болките… Погледнете зошто треба да ја консумирате!

Куркумата е концентриран извор на фитонутриентот куркумин, кој има својства кои ги спречуваат воспаленијата. Исто така, тој е концентриран извор на прехранбени влакна, витамин Б6 и калиум кои се здрави за срцето, железото кое произведува енергија, како и манганот.

Благодарение на својата активна состојка куркумин кој има силно антисептичко и антибактериско дејство, уште низ историјата се користела за подобрување на варењето, при инфекции, настинки, бронхитис, астма и рани.

Топ 5 најдобри придобвки од користењето на куркумата во исхраната

1. Здравјето на срцето

Го штити срцето и крвните садови од згрутчување, помага при регулирање на лошиот холестерол, има антиоксидантно и кардиопротективно дејство и помага при регулирање на лошиот или ЛДЛ холестеролот.

2. Добра е за цревата

На природен начин го поттикнува обновувањето на цревната флора, таа е еден од најјаките приридни антибиотици, не ја уништува флората и добрите бактерии во цревата, туку го поттикнува нивниот развој.

3. Помага при артритис

Во себе го содржи фитонутриентот куркумин, кој има силно анти-воспалително дејство, па се препорачува кај хроничните оболувања на коските и артритис.

4. Ги чува забите и го отстранува лошиот здив

Благодарение на нејзиниот анти-воспалителен ефект, го намалува воспалението на непцата, го елиминира непријатниот здив во устата и го спречува размножувањето на бактериите и помага при други болести на усната шуплина.

5. Извор на железо

Куркумата е одличен извор на железо и манган, како и Б6, бакар, калиум. Во само 2 лажици од овој зачин, ќе ги задоволите дури 10% од дневно препорачаното внесување на железо.

Прегледи:
480
Објавено на:
28.06.2018