Категории

Ладен чизкејк со јагоди: Ќе ги воодушеви и најголемите гурмани! (РЕЦЕПТ)

Направете го овој десерт од соништата брзо и едноставно и уживајте во него. Свежо сирење, јагоди и кори од лимон ви гарантираат освежување во идните топли денови.

Состојки

Тесто: 250 г брашно, 125 г путер, 100 г шеќер, жолчка.

Фил: 250 г свежо сирење, 100 г шеќер, прашок за пудинг од ванила, изрендана кора од лимон, 4 јајца, 2 и 1/2 дл сладок крем, 500 г јагоди, прелив за торта (црвен).

Подготовка

  • Од брашното, путерот, шеќерот и жолчката замесите тесто. Замотајте го во прозирна фолија и оставете го час или два во фрижидерот.
  • Оладеното тесто исукајте го на работната површина која претходно ќе ја наросите со брашно, и со него обложете го дното и рабовите на округлестиот калап.
  • Избоцкајте го тестото со вилушка и печете го десетина минути во рерна на 200 °C.
  • Измешајте го сирењето со шеќерот, прашокот за пудинг, лимоновата кора, слаткиот крем и јајцата.
  • Печете го тестото 45 минути. Потоа оставете го да се олади.
  • Измијте ги јагодите, исцедете ги и преполовете ги, а потоа наредете ги на колачот.
  • Подгответе го преливот според упатството на кесичката и со него прелијте ги јагодите.
Прегледи:
2745
Објавено на:
29.05.2018