Категории

Ладно или топло кафе? Кое е поздраво?

Љубителите на кафе уживаат во секоја голтка од овој вкусен напиток. Кафето покрај тоа што е вкусно и неговата консумација претставува задоволство- тоа е и многу здраво.

Познато е дека филџан кафе содржи голем број на антиоксиданси и нуди здравствени бенефити како што се намален ризик од одредени карциноми, депресија, дијабетес. Во последното истражување кое е спроведено од група на научници од Универзитетот Томас Џеферсон во САД донесен е заклучок дека топлото кафе има многу повеќе антиоксиданси во однос на ладното кафе кое речиси и да нема антиоксиданси. Затоа, ако сакате да испиете филџан здраво кафе- нека биде топло.