Ламбе Алабаковски ја израдува пошироката јавност со среќната вест која се однесува на раѓањето на неговото второ дете. Македонскиот пејач сподели дека стана татко по втор пат и го откри полот на бебенцето и неговото име.
На Ламбе и неговата сопруга Магдалена им се роди уште едно синче кое ќе се вика Димитриј.
„Добре дојде Димитриј! Во оваа светла седмица уште една радост од Бога, ја споделуваме со Вас“ – напиша Ламбе и додаде дека бебенцето се роди на 23 април