Категории

Лав, тигар и мечка живеат заедно како најдобри пријатели 15 години

Ова можеби е најслаткото пријателско трио кое некогаш сте го виделе: лав, тигар и мечка се најдобри пријатели веќе 15 години. Помеѓу овие необични пријатели постои нераскинлива врска која била формирана откако се соочиле со големи проблеми на почетокот на нивните животи.

Сѐ започнало во 2001, кога тогашните новороденчиња, африканскиот лав (Лео), Бенгалскиот тигар (Шир Кан) и црната мечка Балу биле спасени од подрумот на еден дилер на дрога во Атланта, Џорџија. Трите животни имале претрпено огромен стрес.

За да се опорават, биле испратени во засолништето за злоупотребени животни во Локуст Гров, Џорџија. Токму тука тие ја добиле медицинската помош, љубовта и грижата која им била потребна.

Од самиот почеток било јасно дека овие три животни имаат силна меѓусебна врска и дека е најдобро да останат заедно.

Како што растеле, персоналот во засолништето предвидувал дека еден ден кога ќе пораснат тие ќе се разделат поради фактот што припаѓаат на различни видови на животни, но тој ден никогаш не дошол. Тие поминале 15 години заедно, сѐ додека едниот член на триото, Лео починал во 2016 година. Две години подоцна починал и тигарот.

За мечката Балу која никогаш не била сама без своите пријатели, персоналот се погрижил да и ја намали болката колку што е можно повеќе, давајќи и љубов и внимание.

Ова е вистинска приказна која иако звучи неверојатно ја прикажува силната поврзаност која се создава помеѓу пријателите без разлика на разликите.

Прегледи:
639
Објавено на:
17.02.2020