Од најголемиот саем за забавна електроника CES, доаѓа интересна иновација за вашите миленици. Овој пат сакаме да ви претставиме смарт тоалет за вашите мили пријатели – мачките.
Никој не сака да го чисти изметот на мачката кога ќе си дојде уморен од работа. Но, сите знаеме дека ако тоа не го правиме редовно, нашата мачка е под голем стрес и е изложена на ризик од уринарни заболувања.
Сега е претставен одличен изум – „LavvieBot“ многу корисен тоалет за мачки.
LavvieBot автоматски го чисти и надополнува тоалетот со песок за да можете вие и вашата мачка да се опуштите. После употреба, песокот сам се заменува, а апликацијата ќе ве извести кога мачката го користела тоалетот и кога е полна вреќата со отпад.