Категории

Лажам кога велам дека сум „зафатен“ за вас затоа што сум посветен на себе

-Не! Зафатен сум, и немам време за драмата во вашиот живот затоа што сум премногу преокупиран со својот.

„Како си? Што правиш? Колку долго се немаме видено? Кога имаш слободно време да се видиме имам да ти раскажам што ми се случи..“
-Не! Зафатен сум, и немам време за драмата во вашиот живот затоа што сум премногу преокупиран со својот.
Немам време за празни приказни околу тоа што се случило претходниот викенд, кој со кого бил, што направил. Немам време за твоите муабети колку заработуваш и колку си потрошил за ол инклузив одмор, колку те коштала новата кола..
Немам време за муабети од типот кој со кого бил виден на сепаре, која со кого се скарала и кој со кого спие. Не е моја работа а не е ни твоја.
Лажам дека немам време? Да лажам дека немам време за тебе, но имам време за оние нешта кои всушност ми донесуваат нешто во животот кои вредат. Нешта кои ќе ме направат посреќен, поблагодарен и подобар човек.

Да имам време за себе за да се посветам на својот мир, на успехот и напредок. За нештата кои ме исполнуваат. Имам време за луѓе покрај кои се има смисла. Луѓе кои умеат интелектуално да те стимулираат, инспирираат, луѓе кои ме прават да се чувствувам добро во својата кожа. Имам време за сето она кое ме придвижува и мотивира. Само немам време за вашите глупости!

Прегледи:
537
Објавено на:
22.08.2020