Легендната на музичката сцена позираше за насловната страна на германското издание на престижниот Vogue. Веќе добро знаеме дека најпознатиот моден магазин во светот секогаш ги избира најпознатите манекенки, глумци, музичари и севкупно најславни личности во своите редови за да ги красат неговите насловници. Првата насловна страна на арапскиот Vogue ќе ја краси Џиџи Хадид, додека за германското издание тоа ќе биде едната и единствена – Мадона. Со хипнотизираќки изглед и интригантни модни комбинации, Мадона изгледа навистина прекрасно што уште еднаш докажува зошто таа е нарекувана кралицата на музичката сцена.